Ексклузивно: Ѕирнете во студиото каде се возобновува “Небо и земја”, стара коледарска песна која се пеела во битолскиот крај

од December 21, 2018 0 коментари

Само за Вас, ексклузивна можност да ѕирнете во студиото каде што нашите познати пејачи Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно славејче работат на возобновување на „Небо и земја“ – стара словенска коледарска песна, со традиција да се пее во битолскиот крај до пред 30 години.

Оваа песна се’ уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија, а отсега, ќе се возобнови традицијата и во Македонија.

Деновиве се работи и на видео спотот за истата, што ќе биде промовиран веднаш по Нова Година, како најубава Божикна честитка од нас до Вас.

Бадникови поворки

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *