Почитувани љубители и заштитници на животни,
Ова е ,,Среќни шепи“ згрижувалиште за улични и напуштени кучина кое има згрижено и спасено повеќе стотици бездомни кучина за последните 10 години и кое во текот на сите години функционира без било каква помош од заедницата и државата. Целокупните активнисти и трошоци се чисто самостојни и се прават само од наша страна односно сето го работиме ние две, со многу мали донации од поединци кои се љубители на кучина.

Моментално во ,,Среќни шепи“ се згрижени 30 бездомни, напуштени, болни, стари и инвалидни кучина, мајки со мали бебина.

Тоа се: Заги, Лара, Луна, Еми, Роки, Стронг, Кремка, Ненси,Тара сениор, Алиса, Лола, Марта ,Бак, Луна, Папи, Бабе, Медо, Хајди, Зои,Тара,Тина,Теа, Астеа, Бруно, Иза, Елза, Нино, Леа, Меди, Боби, Буце ….

За сите овие потребна е секојдневна храна, стерилизации, кастрации, вакцини, лекови за болните, храна за малите кученца.

Во името на сите нив ве замолуваме за донации, колку можете, на храна, покривки, покривање на ветеринарни трошоци, лекови, вакцини.

Вашите донации можете да ги остварите со купување на храна и со уплата во ветерина амбуланта Др.Чупона. Доколку сакате можите да донирате и на трансакциона сметка 380677526100145 Прокредит банка или на PayPal : [email protected]

Искрено ви благодариме во нивно и наше име.

Светлана Трајковска