Неделните извештаи се прикажани според одделните параметри PM10, PM2.5 и PM1 и според локациите на кои има поставено сензор за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Целта за објавувањето на овие Извештаи е од една страна, граѓаните да можат да се информираат за мерењата на сензорите во областа каде што живеат, а од друга страна, надлежните да можат да ги анализираат и да носат заклучоци за тоа какви мерки ќе превземат за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.

Според анализата на овие графикони може да се забележи дека во измината недела нивото на загаденост имаше зголемување во деновите Понеделник, Среда, Четврток и Петок со одредено намалување во деновите Вторник, Сабота и Недела. Највисоки вредности се регистрирани во Понеделникот во 12:00 часот на мерната станица во Јени Маале дури до 547 mg/m3). Мерните станици во Бадембалари, Јени Маале и Баир беа со повисоки вредности, а Областа, СН Центар и Општина Новаци со релативно пониски вредности. Покачувањето на вредностите на параметрите е забелажано во утринските и вечерните часови после 16:00 часот. Секој од Вас може да си направи сопствена анализа врз база на овие графикони и да се информира каков воздух дишел во изминатата недела.

Моменталните вредности и предвидувањата за наредните 24 часа можете да ги следите на: https://airly.eu/map/en/ или на мобилната апликација:
Android: https://play.google.com/store/apps/details
iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152

Сите дишеме ист воздух 📈📊📉