Зелникот со тиква е еден од омилените зелници во есен додека неговиот мирисот секогаш нѐ потсетува на дом, топлина, детство и семејство.

Состојки:

За тесто:

500 гр брашно (и малку повеќе набрашнување)
1/3 коцка квасец (13 g)
1 јајце
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче шеќер
2-3 лажици масло
250 ml млака вода
50 гр растопен маргарин за попрскување
50 гр масло за попрскување
1/2 коцка маргарин за премачкување на кора 125g

За фил:

1 кг варено, исчистено, исцедено пире од тиква
1 лажиче цимет
2 јајца
2-3 лажици шеќер
малку млеко

Подготовка:

Замесете тесто од 500 гр брашно, квасец (претходно активиран), сол, шеќер, едно јајце, 2-3 лажици масло и 250 мл млака вода. Добро месете додека не добиете меко нелепливо тесто на чиј пресек со нож се појавуваат меурчиња, тоа значи дека тестото е убаво месено.
Поделете го тестото на 16 топчиња и исукајте мала кора од секоја топка. Премачкајте ја секоја кора со маргарин и редете ги една над друга. Последната 8 ма кора не треба да се премачкува со маргарин. Повторете го истото со другите 8 топки. Оставете ги во фрижидер и во меѓувреме подгответе го филот.

Сварете ја, исчистете ја, исцедете ја и испасирајте ја тиквата. Додадете 2-3 лажици шеќер, 1 лажиче цимет, 2 јајца и малку млеко. Добро измешајте. Пожелно е претходно да ви биде сварена тиквата, зашто на тестото доволно му се 10-15 минути во фрижидер.
Потоа, раширете кора од првите 8 слоја и ставете го подмачкан плех. Додадете го филот и убаво распоредете го.
Ракајте голема кора од другите 6 слоја и ставете ја над филот, направете бразди низ целата кора и посипете со растопен маргарин и масло.
Печете на 180 Ц степени додека убаво не се зарумени.
Истиот фил може да го искористите и за мазник.