“Борба и страдање: Полските граѓани за време на Втората светска војна” изложба во НУ Центар за култура – Битола

од September 18, 2019 0 коментари

Амбасадата на Република Полска во Скопје и НУ Центар за култура – Битола – имаат чест да Ве поканат на изложбата БОРБА И СТРАДАЊЕ: ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (24-30 септември 2019, НУ Центар за култура – Битола, од 10:00 до 22:00 часот).

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на Втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање.

Се надеваме дека ќе се видиме на изложбата.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *