БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Синоќа во старата битолска чаршија со величенствениот настап на КУД Илинден со музичко – сценски перформанс „ Приказни од чаршијата“ заврши 15-ти Јубилејно издание на Локум фест – музика и традиција 2021.

Во рамките на дополнителната програма се оддржа традиционалниот „Саем на ракотворби“ со ЗУР Македонски ракотворби кои презентираа дел од нивните креации инспирирани од народната традиција.

Посебен куриозитет претставуваше изложба на раритети , особено за прв пат промовираниот „Грамофон на Манаки“ како и автентични фотографии од боемскиот живот во Битола, изданија и фонографија од богатиот фонд на Државниот архив – одделение Битола.

Вечерта беше дополнета со музички настапи на чалгиски и други групи кои настапија во разни локалии низ чаршијата.
Петнаесетото издание на Локум фест , покажа дека постојаното вложување во културата , истрајноста и програмската иновативност ја прави културата конкурентна противтежа на масовната естрадна „култура“ и е вистинско освежување за публиката која е заситена од естрадизација.

Останува надлежните и останатите фактори на одлучување да го препознаат јавниот интерес и да го поддржат истиот во насока на градење на квалитетен , оддржлив и препознатлив културен дискурс на локално и национално ниво.

Фотографии Ивона Кочов

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here