На 23 април 1926 година, свечено со премиерата „Смртта на Урош V”, од Стефан Стефановиќ, во преработка на Ристо Одавиќ и во режија на Александар Верешчагин, се отвора адаптираната зграда на битолскиот театар.
Театарот како подарок добил завеса од азбест на која Милош Васиќ насликал отворена сцена со „лица во живописна народна носија и со декоративни орнаменти”.
Ристо Стефановски: „Од Хераклеа до Народен театар во Битола“ Народен театар Битола 1994 г