БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Вулкан на улицата Наум Наумовски Борче во Битола ги покажа првите знаци на сеизмичка активност, предупредува локалната вулканолошка опсерваторија, која сеуште се наоѓа во неверување и е во потрага по стручни лица за да биде формирана.

Вулканот моментално опфаќа широчина од 2 м2 и длабочина од 50 см. и се смета за можеби првиот вулкан кој во Битола ќе еруптира во текот на изминатите 1000 години.

Опсерваторијата регистрирала голем потрес кој се одвивал на површината кога пред неколку дена беше регистрирана сеизмичка активност во тој дел на улицата.

Властите на Битола прогласија вонредна состојба, забранија пристап до горниот дел на улицата и забранија спростирање на алишта, во случај да дојде до ерупција на лава и пепел.

Среќа во целата работа е дека вулканот може да биде главна туристичка атракција за Битола. Сегашната состојба е само во почетна фаза на развивање и формирање на кратер, кој и покрај дебелиот слој на асфалт од 1 см. истиот продолжува да расте.

Состојбата ќе ја следиме континуирано и доколку има потреба повторно ќе ве информираме.

Веста е измислена и е дел од нашата забавна рубрика Лабаво. За разлика од неа фотографиите се вистинити и со нив упатуваме апел за да има подобрување на состојбите во нашиот град.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here