Приказната за Мила❤
е иста како на сите несакани кучина во оваа наша мила Македонија!
Едно зимско утро си најдов оставено бебе пред врата, имаше едвај месец и некој ден. Но беше пргава, силна и желна за љубов, затоа си го доби и името -Мила🥰Од тогаш таа ми е заштитниот знак на згрижувалиштето СРЕЌНИ ШЕПИ, насмеана и разиграна! Дали ви се верува дека кога ќе ме види се смее?! Собран нос, покажани заби во насмевка!
Пробав да ја вдомам, но без успех иако е мешанка од хаски, стерилизирана, комплетно вакцинирана и чипирана. Единствена болка ми е што живее врзана но такви се приликите 😥 не можи поинаку. Сакам да ја дадам на луѓе кои ќе ја сакаат барем пола од тоа што ја сакам јас и барем да биде слободна во двор, бидејќи е добар чувар.
Ако има такви на кои им треба чувар, миленик, љубов и смешка најмила, а кои ќе ја сакаат и гледаат,нека се јават на 070395359 и ќе биде донесена до вашиот дом.