Со објавувањето на листите со резултатите од сите категории, заврши второто издание на меѓународниот натпревар по пијано “Пијанофест 2020“.
Оваа година поради пандемијата, натпреварот беше реализиран он лајн, но тоа не беше пречка натпреварот да забележи рекорден број на учесници.
150 учесници од 20 земји во многу јака конкуренција се натпреваруваа поделени во 6 категории поделени според возраста на натпреварувачите : Предкатегорија ( родени 2012 и помлади ), прва категорија (родени 2011 и 2010 ), втора категорија (родени 2009 и 2008 ), трета категорија ( родени 2007 и 2006 ) четврта категорија (родени 2005 и 2004 ) и петта категорија (родени 2003 и 2002).
Натпреварувачите ги оценуваше стручна жири комисија во состав : Даница Стојанова ( Македонија ), Петар Младенович ( Србија ) , Милица Шкариќ ( Македонија ) и Маргарита Вујовиќ ( Србија / Русија ).
Беа доделени следниве награди :
Специјални награди од 100 поени :
Саманта Шпата ( 2012 ) Албанија
Теона Буџаковска ( 2012 ) Македонија
Јулија Шумчак ( 2014 ) Белорусија
Новак Трифкович ( 2010 ) Босна и Херцеговина
Квентин Вахтер ( 2009 ) Германија
Андреа Симоне Ди Николо ( 2006 ) Италија
Тара Вукодинович ( 2004 ) Србија
Звјездан Војводич ( 2003 ) Хрватска
Одозгора : Саманта Шпата ( 2012 ) Албанија, Теона Буџаковска ( 2012 ) Македонија, Новак Трифкович ( 2010 ) Босна и Херцеговина, Новак Трифкович ( 2010 ) Босна и Херцеговина, Квентин Вахтер ( 2009 ) Германија, Тара Вукодинович ( 2004 ) Србија, Андреа Симоне Ди Николо ( 2006 ) Италија, Звјездан Војводич ( 2003 ) Хрватска, Виктор Рафајловски, Роко Матијевич.
Исто така беа доделени и награда за најмлад пијанист на најмладиот учесник на натпреварот Јулија Шумчак од предкатегорија, награда за најдобро изведено дело од Л.В.Бетовен на Роко Матијевич од петта категорија, награда за најдобар македонски пијанист на Виктор Рафајловски од петта категорија, награда за најперспективен пијанист на Звјездан Војводич од петта категорија.
На натпреварот беа доделени и парични награди на највисоката награда ЛАУРЕАТ и тоа :
Лауреат од прв степен Звјездан Војводич и парична награда и Квентин Вахтер Лауреат од втор степен и парична награда.
На натпреварот учесници беа и учениците од Државното музичко училиште во Битола, кои освоија пригодни награди и тоа:
Проф м-р Марија Шамоска Буџаковски:
1. Јане Петровски – прва награда
2. Изабела Ѓеоргиев – втора награда
3. Ева Неделковска – втора награда
4. Злата Даниловска – втора награда
Проф. м-р Јана Четелева Белевска:
1.Теона Буџаковска – специјална награда 100 поени
2. Љубица Здравковска – втора награда
Проф. м-р Ана Стефановска:
1. Мила Нечовска – прва награда
Проф. д-р Татјана Божиновска:
1. Арсениј Ангелески – прва награда
Проф. М-р Маја Божиновска:
1. Деспина Куновски прва награда
Пијанофест е меѓународен натпревар по пијано кој што го организира здружението на пијанисти и музички педагози ” Пијано” – Битола кое го предводат М-р Јана Четелева Белевска и М-р Марија Шамоска Буџаковски, и двете професорки по пијано во Државното музичко училиште во Битола. Тие истакнуваат дека Пијанофест е нов бренд и знак на препознавање на нашиот град и поради тоа, за следните изданија бараат поголема поддршка од Општина Битола, бидејќи како што тие велат – Музиката е мост кој ги поврзува народите, ги надминува сите препреки и останува вечна над се !