Вчера се пожали трењеро:

Салата од ко знајме за неа, нема греење зошто:

Имаја шанса да клат подно греење ко се крена паркето, ама не мислеја дека некогаш ќе нема публика која ќе ја подзатоплува со хухање.

Мајсторо се загледа ракомет и заборај да го пушти греењето.

Уште не беше дојдена ефтината.

Не успеја да земат инвертери од Општина.

Одма се гледа дека трењеро не е од Битола, вистинските битолчани на минус функционираме.

Помина ефтината, за два сати не се исплати да се пушти. Мажи се ќе издржат, не се невести.

Рефлекторите даваат топлина, ама се многу високо и не стига до паркето.

Салата ако имала греење битолчани немаше да ја викаат фрижидеро.

Ако се намести греење и сѐ биде како шо треба, мултифункционално, ќе снема проекти од кај да падни некоја банка.

Ракомет се игра на лето, а на зима во Битола преовладуваа зимските спортови. За таква беше и проектирана салата, како летна.

Текстот е од рубриката ЛабавО, за забава на пошироката народна маса. И пуштете му греење, арно Ви вели трењеро- греота се децата ќе настинат!