Во текот на новата недела како што претходно најавивме ќе ги имаме највисоките температури ова лето кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, од друга страна пак поради релативно високата влажност во воздухот истите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Биометеоролошките услови во Битола и битолско ќе бидат доста неповолни за голем дел од граѓаните па токму поради релативно спарното време и влагата во воздухот кај граѓаните ќе се јавуваат главоболки, тежина на главата и телоко, болки во коските и на местата од старите рани, несоница, додека кај дел од граѓаните и поспаност, повремена нервоза и проблеми со притисокот кај оние граѓани кој имаат проблем од истиот.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока до многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

Во вторник веќе ќе имаме нешто повеќе облачност па така времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди додека доцна попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилнот проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено на север и на исток од државава.

Во среда попладне и навечер повторно ќе има локална нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за нешто ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!