Високи места за нашите битолчани и тоа прво за Јовче Даскаловски и трето за Александар Фидановски во генералниот пласман со повеќе од 70 учесници кои изминатиот викенд беа учесници на ендуро трката во Нови Сад, Република Србија.

Прва ендуро трка, први вакви искуства и секако голема мотивација за наредни вакви трки. Брутална трка е најмалку што може да се кажи во однос на вчерашните услови.

Но тоа е тоа зошто ние возиме!…споделија за нас на нивната фан страна со голема благодарност до нивните спонзори.