Екипата на Пелистер денес во рамки на квалификациите за ЕХФ Купот на гостувањето во Швајцарија помина неславно.
Младиот состав предводен од Зарков претпре висок пораз од домаќинот Винтертур со резултат од 39-16. Овој пораз од 23 разлика за „зелено-белите“ делува застрашувачки.
Повеќе од јасно е дека Пелистер ги преживува најтешките моменти во историјата, а од овој клуб се чини остана единствено името.
Што се однесува до мечот, единствена светла точка кај битолчани ако може така да се каже беше Дарио Петровски со шест гола. Реванш мечот се игра следната седмица во спортската сала „Боро Чурлевски“ Битола… ни пишува во текстот од Спорт клуб “На кое дереџе спадна Пелистер – Битолчани се посрамотија во Швајцарија”
Чкембарите гневни на поразот
Да му дајте 50 гола на овие умрените… така викавме пред неколку години, кога ПЕЛИСТЕР ГАЗЕШЕ. То денес за малку нас ќе ни се случеше, не благодарение на нашите деца кој се фрлени во оган, кој се испратени како кучина на 2000км во еден правец со автобус, туку поради неспособната општина, и градоначалничка. Досега се воздржувавме од секаква јавна критика, во очи ви ги кажвавме работите, од сега ќе биде друга песната. Срам да ви биди, се надевавте на договор со Еурофарм и да се куртулите од клубот, и иако на тацна ја имавте работата и таа не ја завршивте и го доведовте клубот на оваа мизерија.
Двојче помина, ни дојде наташа од трето три. Со вакви трагикомични ликови НИ ПЕЛИСТЕР НИ БИТОЛА ЌЕ ЈА БИДИ.