Facebook Instagram Twitter Youtube
  • Стара Битола
  • Битола
    • Битолчани
    • Чаршија
    • На битолски
    • Спортот во Битола
    • Од кујната на битолските домаќинки
  • Дали Знаете
  • Битола во песните
  • ЛабавО….
  • Делата на проф.Стерјовски
Search
babambitola.mk ...за Битола и битолчани
  • Стара Битола
  • Битола
    • Битолчани
    • Чаршија
    • На битолски
    • Спортот во Битола
    • Од кујната на битолските домаќинки
  • Дали Знаете
  • Битола во песните
  • ЛабавО….
  • Делата на проф.Стерјовски
Дома бабам Битола Граду мој
  • бабам Битола

Граду мој

October 6, 2019
Facebook
Twitter
Pinterest
WhatsApp

    Slide

    Slide
    О Граду сакан мој

    Текст: Дејан TPC (Poetika)

    Евергринска љубов, за градот на југот,
    децата од калдрмата во прегратките на студот,
    како беше, сега како е? кажи ми мој народе,
    ова гордост или гадост е? – градов..
    ако умрам брат од чадов,
    знај го сакам местово исто ко што го сакам рапот, (а тоа е многу),
    93та генерација, колку само ни фали љубов искрена, дај ни ја!
    градот на уметноста е без уметност,
    црвен килим кал на чизми, епа тоа е реткост,
    нема пајтони боеми, сите ќутиме ко неми,
    не прашувај што, сакам се да се смени,
    граду мој..кажи дали не препознаваш.
    ги гледаш децата од тебе што се простија, осеќаш?
    тоа е вкусот на вистината горка,
    не е градска гордост повеќе тој широк сокак,
    и манаки..спомени бледи ко тие песни,
    со емоција за тебе, ама денес си без нив,
    лица со достоинство, капут и шешир,
    занаетчии во чаршија со раце вешти..
    барем еден ден, врати ни го тоа чувство,
    да има искреност, разбирање, почит и љубов..
    и дај ми снага за да нема ниту капка на образ,
    ако заминам од тука, не сум сакал но сум морал.

    Реф:
    Граду мој, не ги заспивај твоите чеда,
    те чуваме во живот преку нашата песна,
    од таму кадешто ке чуеш “Бабам Битола”
    таму е душата наша која те отсликува.

    Bob MC
    Носталгија, за градот со магија
    остана само сон па сакам пак да заспијам.
    Да сонувам само еден ден, од тоа време пазарен
    да видам полна чаршија, во гужвата јас заглавен!
    Човекот со магаре е трговец од Солун,
    жените со стомни одат кај чешмата долу.
    По пат да седнам во меана, да викнам “Меанџи”
    тури една дури сонувам, реалност ме мачи!
    Носам куфери полни, немири и мисли болни
    наполнети од денес, викни пајтон бегам од нив.
    Носи ме кај мојто либе, да му пеам серенада
    нека сонува и таа да сме среќни сакам двата!
    По пат ме разбуди звукот од зад една авлија
    слушнав удари од чекан, прочитав калајџија.

    Денес нема калдрма, нема ниту пак култура
    градот го уништуваат ние му викаме “УРАА”.
    Широк сокак среќен бил кога по него газел опинок
    денес го газат брендови но со мозок поплиток.
    Да беше жив Манаки во битолски Офицерски
    би снимил сцени прекрасни за “Дувлото на Секти”.
    Тумбе Кафе било место за дружби, песни и игри
    денес пази каде газиш има шприцеви и игли!!
    Умре градот на уметноста на пола копје знамиња
    ги нема кабадаите како цркви под џамија.
    А звукот од неа некаде длабоко во градот прави
    никој да не го чуе последниот клавир…
    Ајде браќа чалгии пејте дур болката ме убива
    за старата Битола и другарите во туѓина!!
    Те сакам граду мој и ако заминам извини
    пола душа ти оставам во старите витрини…
    Извиниии…

    Slide
    • Тагови
    • Битола
    • Граду мој
    Facebook
    Twitter
    Pinterest
    WhatsApp
      ПретходноДевојче со оштетен вид од Битола прво ќе добие иновативни очила од Израел
      СледноВисок пораз на Пелистер на гостувањето во Швајцарија: Чкембарите гневни!
      Babam Bitola

      Последни насловиПовеќе од авторот

      бабам Битола

      Василица, кога Битола не спие

      бабам Битола

      Кајмакчалан, една планина, две визии: туризам што живее и туризам што чека

      бабам Битола

      Почина најстарата битолчанка Рејчел Нахмијас, 108 години сведоштво на историјата

      Ела ќе дом...

      Уметноста на пишувањето во Битола – вибрантна креативна работилница за сите генерации

      бабам Битола Babam Bitola - August 30, 2024

      Целата колекција на BIRETIX е на 20% попуст во текот на месец март во...

      бабам Битола Babam Bitola - March 11, 2023

      Германска дозвола за патување на битолчанецот Иван од 28 април 1941 година

      бабам Битола Babam Bitola - February 1, 2023

      Првата текстилна фабрика на Балканот била во с. Дихово од 1883 г.

      Битола во минатото Babam Bitola - July 19, 2018
      Contact us: babambitola.mk@gmail.com
      Facebook Instagram Twitter Youtube
      © all rights reserved 2015-24/ www.babambitola.mk
      MORE STORIES

      Василица, кога Битола не спие

      Babam Bitola - January 13, 2026

      Кајмакчалан, една планина, две визии: туризам што живее и туризам што...

      Babam Bitola - January 12, 2026