Живееш во Општина Битола, Новаци, Могила? Постојано си изложен на загадување на воздух, вода или почва од согорувањето на јаглен во твоја близина? Тогаш овој повик е за тебе!

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест организира видео награден натпревар „Кажи ни зошто јагленот ти смета“ (Tell us what is wrong with coal make a video’’) со цел подигнување на јавната свест за влијанието на согорувањето фосилни горива врз локалното население.

Во наградниот натпревар можат да учествуваат поединци (физички лица) или тимови составени од најмногу 3 члена, жители на општина Битола, општина Новаци и општина Могила кои се полнолетни (постари од 18 години) на денот на пријавување за учество во наградниот натпревар.

Покрај наградата за трите најдобро рангирани видеа, сопственикот на прво рангираното видео ќе има можност да соработува со Европската мрежа за напуштање на јагленот како енергенс (Europe Beyond Coal) и Еко-свест во израбоката на професионална новинарска сторија која ќе биде промовирана во глобална кампања против согорување на јаглен.

Време на траење на награден натпревар

Наградниот натпревар трае од 00:00 часот на 23.10.2019 година заклучно до 00:00 часот на 17.11.2019 година.

Учество во награден натпревар

  • Во наградниот натпревар можат да учествуваат поединци (физички лица) или тимови составени од најмногу 3 члена, жители на општина Битола, општина Новаци и општина Могила кои се полнолетни (постари од 18 години) на денот на пријавување за учество во наградниот натпревар.
  • Секој учесник/ тим може да учествува во наградниот натпревар само во свое име и со учеството потврдува дека сите дадени лични податоци се само негови лични податоци и дека се согласува со овие правила и услови на наградниот натпревар.
  • Услов за учество во наградниот натпревар е учесниците да бидат запознаени и да се согласуваат со сите правила на наградниот натпревар. Со учеството во наградниот натпревар се смета дека учесникот се согласил со сите услови и правила во врска со наградниот натпревар.
  • Секој учесник во наградниот натпревар треба да го пополни краткиот прашалник.
  • Учество во наградниот натпревар се прави со испраќање на кратко видео на [email protected], најдоцна до 17.11.2019.
  • Видеото не може да биде подолго од 90 секунди. Секое пријавено видео кое е подолго од 90 секунди нема да биде разгледувано.
  • Видеото може да биде на македонски, албански или англиски јазик.
  • Видеото кое што е на англиски или албански јазик мора да има и превод на македонски јазик.
  • Видеа со навредлива содржина нема да бидат разгледувани (пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност)
  • Видеото може да биде во било каков формат (Анимација, документарно итн), видеото може да биде без дијалог, вербално или не вербално, во форма на скеч или останато.

Награден фонд на наградниот натпревар

Прво место- вредносен ваучер од 300 евра.
Второ место-вредносен ваучер од 200 евра.
Трето место- вредносен ваучер од 150 евра.

Покрај наградата за трите најдобро рангирани видеа, сопственикот на прво рангираното видео ќе има можност да соработува со Европската мрежа за напуштање на јагленот како енергенс (Europe Beyond Coal campaign secretariat) и Еко-свест во израбоката на професионална новинарска сторија која ќе биде промовирана во глобална кампања против согорување на јаглен.

*Ваучерите можат да се искористат во одредена продавница во Битола за купување на велосипед или електричен тротинет.

Избор на победникот

Главен критериум за избор ќе биде креативноста, оригиналноста и релевантноста на содржината на видеото. Може да има најмногу тројца (3) добитници.

Изборот на добитници на наградниот натпревар ќе се врши на 22.11.2019 година, а добитниците ќе бидат објавени најдоцна до 21.11.2019.

Достапност на правилата на наградниот натпревар

Целосниот документ со правилата на наградниот натпревар можете да ги најдете на следниот линк.