Нов амбиент со нови вкусови во Портал 2 на Широк Сокак. Ново мени со одлични понуди од кои е новиот утрински “Lounge” пакет во кој за 120 денари имате клуб сендвич, кафе и цеден сок.

Оваа сабота што помина кафе бар Портал беше во центарот на збиднувањата и пред битолчани го претстави новиот имиџ во склоп на новиот простор на Широк Сокак, заедно со нивната понуда на ладни предјадења и закуски.

Портал продолжува со следење на модерните трендови и барањата на битолчани кои сега на пауза и покрај кафето ќе можат и да доручкуваат на едно место.

Пријатната атмосфера заедно со позитивната енергија на персоналот и менаџерскиот тим е само еден причина повеќе за убав почеток на вашиот ден.

Погледнете ја галеријата:

Нека е со среќа и да си повелите драги битолчани!