И покрај предизвиците на глобална пандемија битолската компанија Вемилк веќе неколку години продолжува да ги освојува срцата кај сите генерации.

Држејќи го високиот квалитет и стандард на производите и континуирано ширејќи го своето веќе богато портфолио, не им преостанува друго освен да продолжат да ја применуваат оваа формула и да ги освојуваат срцата на сите љубители на вистински млечни вкусови.

Користењето најдобри состојки и исклучиво квалитетно, одбрано млеко е она што ги прави Вемилк производите со толку висок квалитет. Со секој млечен производ Вемилк цели кон постигнување премиум квалитет кој ќе биде незаменлив со секој оброк.
Асортиманот на Вемилк се проширува со производство на свежо млеко и неколку типови на јогурт и кисело-млечни производи, што ќе ја збогатат секоја трпеза со квалитетни производи. Новата течна линија на Вемилк вклучува јогурт, кисело млеко и павалка. Она што ги издвојува Вемилк производите е уникатниот киселкаст и освежителен природен вкус, добиен од одбрано млеко од најеколошкиот Пелагониски крај.

Производите може да се најдат во сите подобро снабдени маркети ширум Македонија, како и во локалните продавници во пелагонискиот регион. Вемилк најавува лансирање на нови производи во текот на наредната година па едвај чекаме да ги пробаме! Следете ги на Facebook или на instagram.

Vemilk.com