Пред неколку дена бев на Болница во посета на еден пријател , и баш на влезот од болницата ја сретнав Лилето.
Да да таја Лиле де , комшивката . Лилето на Гоце .
– И викам еј Лиле бе Шо прајш?
-Вели Арна бе Комшија ти како си ?
– Велам супер Лиле еве да посетам еден пријател овде , ништо страшно.
– Ти викам шо овде на болница.
– Абе остај не сум арна нешто.
И ај после разбери ја де арна сум ден не сум арна , чувај боже!
Викам ај оди бркај работа ако си готова на време ќе те земам , да бегаме заедно .
Па не помина многу време еве ја Лилето ми звони на мобилен уљандисана до немајкаде.
-Комшија ај да бегаме оти овие не се салам вели . Сите се несалам .
Аман бре Лиле …..ајде идам .
Тргнавме со Лиле накај дома , ама ова уљандисана до Господ , само нешто мрчи под мустак . И туку се дрекна од нигде никаде .
Абе комшија овај докторот не ќе да е со сите ?????
Аман бре Лиле свеста ми ја зеде.
-Улав доктор – вели .
-Замисли комшија , докторот ми вели сум немала имунитет!!!
-Како не бе Лиле ? -и велам јас .
– Така бе комшија , јас не сум пратеник да имам имунитет.
Ден стаж немам во Парламентот , а сакав да се кандидирам ама Гоце не ме остај . Љубоморен . Кој знај шо бубачки му брчеа тогаш.
– И му велам вели на овај докторот абре дај ми дијазепам
од 1мг неможам да спијам , тој вели ќе ти дам од 5мг ??? Му велам вели , абре јаки се овие . А тој ми вели се те пратам на фејсбук и тебе и онај комшијата твој ,
Да се смирите малце.
Нејсе , стигнавме кроце кроце пред зграда .
Лилето вели иди комшија. ај да пиеме по едно кафе .
Викам ај оди ти клај го кафето јас ќе дојдам одма .
Таман да звонам на звонче , ја слушам Лилето , се дери по Гоцката .
Влегов и шо да видам , се карат нема каде .
Добро де знам дека се забајф ама на болница бев бе, не бев на бал.
Лилето му вели – Речи ми уште еднаш крава , големата ќе ја напрајме.
По 5 мин седнува на кревет и офка – Леле вели капнав денес, многу ме болат нозете.
А Гоцката прашва кој ? -Предните или задните !
Велам Гоцка ај сега не ја прај големата туку да те прашам нешто.
– Гоцка, шо е бе полошо, незнаењето или незаинтересираноста?
-Вели , комшија ни знам ниту ме интересира !!!
– Добро викам а ти бе Гоцка од љубов се жени или ?
– Не бе вика комшија од глупост.
-Како бре велам од глупост .
-Е така вели за да не ме викаш стар беќар .
Ме послужи Лилето со кафе кисела вода и маџун, вели многу се забајф денес на болница ништо не напрајф за ручек зато се каравме . И му се сврти на Гоцката .
-Туку Гоце ако си гладен дојади ја салатата од вчера во фрижидеро , а тој завалијата го отвори фрижидеро и вели а да ја дојадам ова салата на маса , многу студи во фрижидерот .
Пиеме кафе и ја прачувам Лиле , абе велам не сме се виделе одамна , ништо не се пофаливте како поминавте на одмор.
Кај ја прашав , кај се запустив .
Па ко почна да расправа на долго на широко , ко празна водејнца , оди застани ја .
Еве да не да не ве јади јанза. Ќе ви кажам на кратко .
Лилето и Гоце биле Ксамил , Албанија .
Биле сместени заедно сите во уба соба на таванот со лустер
со вентилатор, Лилето со Гоце и малото чупе. Големото чупе со зетот , на зетот брат му , сватот ,сваќата и на сватот сестра му. Сите оделе заедно на плажа , била блиску , освен на сватот сестра му .
Таа ошла на плажа првиот ден влегла да се капи , ќе се
удаела па оттогаш до крај бегала од морето ко ѓаоло од крсто. Си седела на балкун и си решавала крстозборки.
Лилето праела најубај ручеци на плажа на плинското од сваќата . Сите се чуделе.
Ама многу убо си поминале .
Да не ви остани атер да разберите .
И не застанва пуста Лиле , само си реди ….вели комшија уште вино да туриме и нека иди зимата. Ама не знам вели за виното знајш Гоце сака да се напие по една чаша со ручекот.
Викам со бе една чаша? Мислиш , шише од кило и пол .
Велам пред некој ден го стретнав во влезот , дух напраен па уште и цел изгребан на грбот .
Викам Гоцка абе шо си напраен гомлезе то ајде , ама шо си парче напраен на грбот ,
Вели комшија вервал не вервал . Орел ме донесе до дома.
И ај после .
И не застанва Лилето , ко на норма да е . Си мели , си дроби, си кажва , си прикажва.
Се вели напрајв , маџун , слатко од црни сливи , слатко
од дунки , па то ти мармалад ваков , па мармалад онаков , Па ајварот леле како излезе , маст . Ами лутенката уф уф .
Ќе ти дам вели една тегла ајвар да се сликаш за на фејсбук па ќе ми ја вратиш.
Па од оние печи – гмечи, тро налутки , па медициска салата од неа вели ќе ти дам две тегли знам ти многу ја бендисваш.
Само офкаш од лутото ко ќе јадиш . До кај нас се слушаш.
Де бре Лиле не до толку да се слушам.
Абе вели како не до толку и Цена од први те има слушнато ,
Абе која Цена велам , Цена е глува , апаратче носи за слушање ама со потрошена батерија .
Муабетот нема крај со Лилето , Станав да си бегам , тргнав па ме праша нешто за циркус а мене ми звонеше мобилниот па викам да да добро . И таа толку чекаше му се сврти на Гоцката ..
Ајде море Гоце да одиме на циркус вели еве и комшијата ќе иди.
А овај матрапазот Гоце вели а не никако!!!!
Комшијата ако сака нека оди .
Ти Лиле нема никаде одење .
Кој сака да те види , дома нека дојди .
И така на врата , на бегање ми вели Лилето , вика ќе готвам овие дена комшија нешто специјално па ќе те викнам .
Де бре Лиле велам тајна е шо е то толку специјално.
Вели ќе готвам кинеско нешто . Вели се имам купено само
Кинез неможам никаде да најдам .
Ко ќе најдам ќе те викнам .
И си заминав така со смеење . Солзи на очи од смеа,
Со смеење и со чудење.
Се чудев де зошто и е , шо мисли да прај со Кинезот , то ме мачи сега ????