Мартина Костофски (15) ученичка во ОСМУ “Д-р Јован Калаузи“ во Битола издаде книга која содржи поезија во кои преовладуваат песни од детскиот призвук, љубовта кон најблиските, љубовните тонови и љубовта кон својата земја.


Мартина инспирацијата ја доби од активното учество на промоции кај познати автори. Таа со пишување на песни почна уште кога беше шестто одделение.

Благодарение на големата поддршка од своите најблиски Мартина се поттикна да ја пишува нејзината прва стихозбирка со која ја доби наградата „Поетска гравитација“ на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола.

Мартина имаше своја промоција во основното училиште Св. Климент Охридски бидејќи беше тамошна ученичка. Од нејзината стихозбирка се издадени 200 примероци.

Сега ја пишува нејзината втора книга која што ќе биде поразлична од првата и ќе содржи раскази и песни поезија.

Таа ни испрати честитка до сите нас во која ни ги честита Велигденските празници.

Браво Мартина и честитки за тебе…