Есенските листови насекаде околу нас. Деновите се поладни и пократки, бубачките се помалце ѓи има, а погледите, заробени од разнобојноста на есенското планинско платно. Сепак колку и да е убава есента и есенските прошетки, таа може да биде опасна и предизвикувачка сезона за пешачење. За таа цел за спокојно и безбедно пешачење ве потсетуваме на следните ризици:
Лизгави услови
Паднатите лисја ги прикриваат карпите, дупките, вирчињата, корените и другите препреки на патеките, внимателно бирајте каде ги движите нозете и како го бирате лежиштето. Покрај тоа истите можат да бидат лизгави.
Променливи временски услови
Пред да тргнете во уште една планинска авантура, проверете ја временската прогноза и добро испланирајте дали е соодветна за безбедно пешачење и двнижење низ планинските делови. Имајте на ум дека често пати планинската температура е различна од градската. СЕКОГАШ вратете се доколку се сомневате дека временските услови ќе се влошат.
Облека и обувки:
Кога надвор е ладно и имаме пад на дневните температури, треба да се посвети внимание и на тоа, каква облека и обукви ни се потребни за тековната сезона. Хипотермијата е еден од поголемите ризици со кои се соочуваат планинарите за време на преминот од една во друга годишна сезона. Кога температурите паѓаат под 5°С, важно е да се покрите изложената кожа. Ветерот е исто така влошувачки фактор, кој го зголемува студот.
За таа цел ви подготвивме листа: Високи (по можност) водоотпорни чизми; топли чорапи; понесете со вас и дополнителен пар чорапи, капа и балаклава со што ќе ги заштитите вашите уши и вратот; ракавици отпорни на вода и ветер; основниот и среден слој на облека пожелно би било да се волнени, што ќе ве одржува загреани дури и кога сте испотени, долги панталони отпорни на вода и ветер..
Пешачењето во фармерки е непријатно и потенцијално опасно во овие периоди, поточно поради големата влажност стануваат потешки и побавно се сушат, што е потенцијален ризик за појава на хипотермија.
Кратки денови
При планирањето на планинарските есенски тури, земете ја во предвид значително намалената дневна светлина. Испланирајте и додадете плус време од потребното за да се вратите навремено дома. Користете помошни светлосни помагала, што ќе ви овозможат безбедно да се движите низ патеките. Препорачуваме да користите челни ламби, за да рацете би бидат слободни.
Активни ловишта
Избирајте ги безбедните планинарски патеки, не ризикувајте да се движите низ просторите каде има активни ловиште, за да не предизвикате посериозни инциденти. Во случај да се одлучите на таква прошетка низ активни ловишта користете жолти елеци, како би испратиле сигнализација до спортивната страна.
Дополнителни работи кои би требало да бидат дел од вашиот ранец
Дополнителна облека; компас; мапа; гпс уред; мобилен телефон и полнач; прва помош; прибор за храна и лична хигиена; и не заборавајте на кеса за ѓубре, ОТПАДОТ ВРАТЕТЕ ГО ДОМА ☺