Проектот или акцијата “И кучињата се дел од општеството” успешно завршен.

Ротаракт Клуб Битола заедно со Пет Шоп Пријатели и сите граѓани кои изминатиот викенд донираа храна за кучиња собраа 100 кг храна за мали и за големи кучиња. Таа храна беше донирана во приватниот стационар во Битола.

Се надеваме дека оваа акција ќе покрене и други акции поврзани со кучињата во Битола, ние со сигурност не застануваме тука бидејќи и кучињата се дел од општеството!

Ротаракт Клуб Битола

“Донација за моите бездомни штитеници од РОТАРАКТ КЛУБОТ !
Благодарам од ❤ за вашиот интерес, за вашата ангажираност, за вашата истрајност да најдите начин да соберете донации и да го исполните обеќаното!
Со вакви постапки на младите луѓе се буди надежда за подобро утре!
Се надевам дека многу млади ќе ве следат во постапките и ќе помагаат каде што треба.
Браво деца, ви благодарат и штитениците на згрижувалиштето ,,СРЕЌНИ ШЕПИ” ќе има храна да се наполнат мешињата”

Светлана Трајковска згрижувалиште Среќни Шепи