Се прашувате како да се ослободите од секојдневните политички проблеми и случувања, заробени во градскиот метеж и загадениот воздух, како да се запознаете повеќе со природните убавини на Баба Планина, како да поминете еден есенски ден со вашите најмили, или како да го подобрите вашето здравје и физички статус ?
Рибизлата ве води во уште една планинаска авантура, за која гарантира дека ќе ви стана една од омилените дестинации за викенд релаксација.
Вашата стартна позиција е селото Лавци, кое се наоѓа на 729 мнв, веднаш над лавчанска населба. Уште од самиот старт имате видливо обележана патека кој првенствено ве води до планинарскиот дом „Неолица“ на 1440 мнв, а истата продолжува и до највисоката точка, врвот Неолица на 1865 мнв.
Патеката е со средна тежина, и за истата е пожелно барем два до три пати неделно да сте физички активни. Времетраењето на патеката до планинарскиот дом, со попатни паузи, е одприлика 1:30-2ч, со тоа што, доколку продолжите кон искачување на врвот додадете уште 3-4ч.активно темпо.
Оваа патека изобилува со вода, така да ви препорачуваме да се напиете чиста изворска, планинска вода.
Она што би требало да го знаете за планинарскиот дом „Неолица“ е дека работи секој викенд, сабота и недела, од утринските часови па се до зајдисонце. Располага со сместувачки капацитет од 40 легла, но за тоа подетално треба да се информирате кај домарите.
Она што сакаме да го запомните, ОТПАДОТ ВРАТЕТЕ ГО ДОМА ☺
За повеќе фотографии или доколку би сакале и вие да бидете дел од некоја од следните Авантури на рибизлата следете не ТУКА.
Ве поздравуваме!