Австралијанецот, со битолско потекло Џим Ристевски, по трет пат со своја иницијатива да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

Овој пат за собирање средства за хемотерапија за двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари.
Убеден е дека ќе се стигне набрзо до потребната сума.

Ристевски ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.
Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.

Минатата година тој повторно се јави како организатор на фандрејзинг иницијатива во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија. Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и нашата дијаспора. Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Др Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

“Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме. Јас сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам.
Не сакам никој да ми каже благодарам, зошто јас не направив ништо поразлично од секој еден кој добрината ја смета за доблест. Замолувам да ја споделиме страната за донации на GoFundMe https://www.gofundme.com/f/2yo-jacob-13cm-tumor-has-come-back-kidney-lost и да ги дособереме средствата кои се потребни за да го видиме овој мал херој како расте во добар млад човек”- ни изјави Ристевски.

Инаку Џим Ристевски е основач и менаџер на неколку компании во сфера на градежништво, аутсорсинг и дистрибуција на пијалоци во 12 земји во светот
/ Stiletto Homes, Outsourcing Macedonia, Steel City Beverage Company.

За донација за малиот Јаков кликнете тука:

https://www.gofundme.com/f/2yo-jacob-13cm-tumor-has-come-back-kidney-lost