Викендот во центарот на Битола Фондацијата Бибевски (УСА) заедно со здружението Мали Херои од Битола имаа успешна акција “СТЕРИЛИЗИРАЈ ГО СВОЈОТ МИЛЕНИК, БИДИ ОДГОВОРЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА СВОЈОТ МИЛЕНИК И ОДГОВОРЕН КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА”.

Во саботата на Плоштадот Магнолија беше организирана промоцијата на акцијата за субвенционирани стерилизации на домашни нерасни кучиња.

Настанот помина успешно со голема посетеност.

” Ви благодариме за вашата посета на штандот за промоција на Акцијата – СУБВЕНЦИОНИРАНИ СТЕРИЛИЗАЦИИ!

За подигнување на ВАУЧЕР можете да не контактирате.
Ова е супер можност за секој сопственик за да им го продолжете векот на вашиот миленик и да придонесете за помалку бездомни животни на улиците.” – Ви пренесуваме дел од нивната фан страна

Поддршка и од нас. Браво 👏👏👏