Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm во Битола. По речиси еден месец, битолчани повторно ќе имаат можност да пазаруваат во најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживаат во докажаниот германски квалитет по супер цени.
Дрогеријата на dm во Битола, која се отвори на 27 декември 2018 горина, за прв пат на битолчани им го стави на располагање едниствениот дрогериски концепт и речиси 4.000 производи од сопствените трговски dm марки. По речиси тригодишно работење, дрогеријата на dm на почетокот на месец септември беше затворена заради реновирање.
Големото реотворање на реновираната дрогерија од компанијата го најавија за 30. Септември, а по тој повод се најавени попусти од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 4 дена, од 30.9 до 3.10.2021.
Старо-новата реновирана дрогерија на dm се простира на 412 м2 продажен простор, 114м2 магацински простор и помошни простории од 155 м2. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Како компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Оваа пракса нема да биде исклучок и на ова реотворање, а компанијата својата донација до 120.000 денари ќе ја насочи кон кон Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола.
Бидете дел од и вие од ова големо реотворање на dm во Битола и искористете ги попустите на dm од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи!