Ученици и студенти од Битола беа дел од Ерасмус+ проектот “Партнерство за бегалската криза, Европа за вас”
Од 21-ви до 28-ми септември се одржа една од мобилностите во рамки на Ерасмус+ проектот “Партнерство за бегалската криза. Европа за вас!” во с. Радожда, Струга. Проектот вклучуваше млади луѓе на воздраст од 18 до 30 години кои доаѓаат од четири земји, Македонија, Луксембург, Романија и Шпанија.
Како наши претставници на овој проект беа ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито”-Битола
Во рамките на престојот во Македонија, учесниците преку практични работилници, гостувања и патувања имаа можност да се запознаат и да работат на темите бегалска криза и миграции. Програмата за учесниците започна со тимски игри и запознавање со детали поврзани со темата, креирање на статистички истражувања од страна на учесниците, како и гостување на невладината организација Легис од Скопје.
Вториот дел од престојот на учесниците беше посветен на креирање на стратегии за дисеминација на информациите од проектот во Охрид, Струга и регионот, како и планирање на понатамошни активности во земјите учесниснички во проектот. Како дел од процесот на дисеминација, учесниците креираа кампања низ градот Охрид. Во текот на кампањата над 300 граѓани на Охрид беа информирани за целта на проектот и добија информации за моменталната состојба со бегалската криза во Европа и Македонија. Учесниците наиодоа на одличен интерес од граѓаните, како и нивна заинтересираност да се запознаат подобро со ситуацијата со бегалската криза во Македонија.
Во вториот дел од дисеминацијата во Охрид, групата на учесниците од проектот одржа презентација во СОУ “Кирил и Методиј” каде беше презентиран детален извештај и информации од секоја земја учесник на проектот. Преку низа на активности, учениците од СОУ “Кирил и Методиј” имаа можност да се запознаат со информации за бегалската криза, но и да развијат емпатија наместо страв поврзан со луѓето бегалци. Преку овие настани, уште еднаш беше потврдено дека влијанието на медиумите е секогаш клучно за перцепцијата на ситуациите со бегалската криза и потребно е кај луѓето да не се создава страв од истата, туку да се поттикне емпатија и акција. Токму промената на овој став е целта на проектот “Партнерство за бегалската криза. Европа за вас!”.

Во текот на наредните денови учесниците во проектот работеа на материјали и планови за дисеминација во сопствените земји, како и креирање на материјали кои преку платформата на проектот ќе служат како информатор за сите граѓани на Европа.