Синоќа публиката која дојде да ја гледа Неда Арнериќ присуствуваше не само на една театарска претстава, туку и на еден емотивен чин кој предизвика солзи во очите и долги аплаузи.
По иницијатива на директорката Маја Андоновска-Илијевски, иницијатива која таа ја чуваше во тајност до крај на претставата, во публиката го донесе актерот Диме Илиев кој со Неда Арнериќ пред точно 43 години играше во филмот “Исправи се Делфина”, а последна средба помеѓу двата актери се случила пред добри 20 години.
Тој излезе на сцената на крај на претставата да и подари цвеќе, емотивна средба која публиката ќе памети секогаш.
Фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски