По повод 70 години од прогласувањето на Пелистер за национален парк, денеска во Центарот за култура во Битола беше поставена изложба на фотографии направени на Пелистер од авторот Петар Ставрев, а насловена како „Убавините на Пелистер“.
Новитет во Националниот парк „Пелистер“ е тоа што со одлука на советот на Општина Битола донесе одлука сите битолчани да бидат ослободени од наплатата за влез во Националниот парк.
„Шетајте по шумските патеки, за да не шетате по гратските аптеки“ беше пораката која ја испрати фото – репортерот Петар Ставрев од оваа негова изложба.
После секоја прошетка на Пелистер да не оставаме отпад позади нас, ако го сакаме Пелистер убав и чист.*
Ова е само еден посто од тоа што Петар Ставрев го има во неговата голема фотографска колекција за Пелистер и Баба планина. Како голем љубител на пејсажот и фотографијата тој сеуште ги посетува падините со голема надморска височина, пркосејќи на годините кои ги има, искачувајќи се дури до Големо и Мало Езеро. Ние ја имаме таа среќа да постојано сме дел од неговото друштво и со голема возбуда ни раскажува за сите згоди и незгоди кои ги има доживеано на Пелистер. Убаво би било некој да помогне и неговата цела колекција да ја имаме достапна за сите нас, како книга со илјадници фотографии и спомени од неговата долгогодишна фотографска работа. Ти благодариме Петар. Еден си!
Изложбата е достапна за секого и се наоѓа во фоајето на Центарот за Култура Битола.
*делот е од Тера ТВ