БИТОЛА, 30 ЈУНИ.
Пред неколку години” Битола на два пати беше домаќин на традиционалниот ракометен турнир „Трофеј на Југославија“
за мажи и жени. Успешната организација, занесеноста на публиката, која ги следеше натпреварите, беше една од
причините Битола и по трет пат да биде домаќин на една ваква
врвна меѓународна ракометна манифестација. Градот домаќин навреме и успешно ги приведе кон крај сите подготовки, така што вечерва „Трофејот на Југославија” ќе биде отворен и ќе се одржат
првите средби. За значењето на оваа манифестација во ширењето на спортот меѓу младите од сите земји, ќе зборува претседателот на Организониот одбор Ѓоре Михајловски. Веднаш по
дефилето на репрезентациите на Југославија (две селекции), СССР, Швајцарија, ДРГ и репрезентацијата на Македонија, ќе се одржи и првиот натпревар меѓу втората селекција – млади
на нашата земја и ДРГ.
Вечерва ќе се сретнат и СССР – Швајцарија и Југославија – Македонија. Репрезентацијата на нашата република на „Трофејот на Југославија“ е вклучена дополнително, бидејќи во последен момент репрезентацијата на
Чехословачка го откажа своето учество. Со учеството на најдобрите ракометари од нашата република на турнирот, на публиката е дадена можност повеќе, за бодрење на своите
симпатизери, зашто меѓу нив се наоѓаат и ракометари од градот домаќин. Дека деновиве во
Битола владее вистинска ракометна треска, зборува и податокот што речиси
сите ракометни стручњаци, тре
нерн и судии од земјата се наоѓаат во градот под Пелистер, каде и се одржа неколкудневна школа за ракометари, на која предавачи беа најпознати стручнаци на овој спорт.

Петар Ставрев 30.06.1981 г. Нова Македонија