Веројатно сте слушнале за една од најпопуларните професии во последните неколку години, а тоа е аналитичар на податоци. Ако зборуваме генерално, еден аналитичар на податоци собира и обработува податоци, ги организира и ги користи за да донесе значајни заклучоци. Работата на еден аналитичар на податоци варира во зависност од податоците со кои работи (продажба, социјални медиуми, и тн.) како и проектот на кој работи.

Компаниите во скоро секоја индустрија можат да имаат корист од работата со податоци, од оние кои работат во здравство до оние кои се во индустријата за брза храна. Увидите кои анализата на податоци може да ги обезбеди за компаниите можат да бидат многу моќни и да им помогнат на вработените да ги запознаат крајните потрошувачи и да обезбедат подобра услуга.

Со оглед на сè поголемата побарувачка за аналитичари на податоци на пазарот на трудот, ⋮ИВЕЦ организира обука посветена токму на тоа. Не пропуштајте ја шансата да ја работите професијата на иднината.

Уписите се во тек, а повеќе информации можеш да добиеш на https://iwec.mk/course/data-analysis-training/, или на +389 72 309 282.

Обуката започнува на 25.10.2021 ќе трае три месеци, а останати се уште неколку слободни места. Ве очекуваме!