


Одличен рецепт за совршено трилече. A tres leches cake, исто така познатa и како pan tres leches, е пандишпан торта натопена во 3 видови на млеко: кондензирано млеко, обичнo млеко со над 3% масленост и слатка павлака. Така трилечето го добило своето име што во буквален превод значи торта со 3 млека.
Трилече е многу популарен десерт во Македонија, лесен десерт кој се топи во устата, а ова е совршен рецепт кој може лесно да се подготви дома. Во овој рецепт наместо кондензирано млеко користев млеко во прав како подостапна варијанта.
Состојки:
За пандишпан:
- 6 јајца
- 100 г шеќер
- 200 г брашно
- 1/2 ќесичка прашок за пециво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
За прелив:
- 400 мл хопла
- 300 г млеко во прав
- 800 мл обично млеко
За карамел:
- 300 г готов карамел, достапен во сите продавници, одберете подобар
Начин на подготовка:
- Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот и ванилиниот шеќер.
- Кога добро ќе ги изматите белките, додајте ги жолчите една по една и продолжете со миксирање. Додадете го постепено брашното измешано со прашокот за пециво и мешајте со миксерот исклучен или на најслаба брзина.
- Пренесете ја смесата во правоаголен сад за печење обложен со хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180 C степени. Нека се олади малку, а потоа избодете го пандишпанот со чепкалка за заби низ целата површина така што подобро ќе го впие целото млеко подоцна. Извадете го пандишпанот од тавата заедно со хартијата за печење.
- Потоа, турете ја хоплата во истата тава и вратете го назад пандишпанот превртен од другата страна и повторно избодете го со чепкалка за заби. Оставете да отстои 15тина минути.
- Млекото во прав се раствора во 150-200 мл млеко и се меша добро. Оваа смеса додадете ја на остатокот од млекото (600-650 ml) и ставете се заедно на шпорет да се загрее, не да врие. Жешкото (не врело) млеко потурете го врз целиот пандишпан и оставете да впие добро.
- На крајот нанесете го карамелот. Уживајте во прекрасниот десерт!