Во Клиничкиот болнички центар во Ријека, Република Хрватска, на посебен вид едукација учествуваа специјалистите гинеколози-акушери од ПЗУ Болница „Плодност“, д-р Кристинка Пајаковска, д-р Марија Христовска и д-р Никола Василески, како и медицинските сестри-акушерки Мерлинда Драла и Надица Нешковска.
Посебен дел од нивната шестдневна едукација, зазедоа областите на грижа на ниво на перинатална заштита, клинички дел, организација на работа на дневна болница, запознавање со организацијата на работа и грижа за мајките по породувањето.
Но најважниот дел од обуката на медицинскиот тим на Болница „Плодност“ се однесуваше на алтернативните методи на породување, односно породување на столица и породување во вода.
Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот.
Болница „Плодност“,следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата , целосно е подготвена за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети.