Македонскиот тим Melius составен од двајца битолчани, по еден од Прилеп и Скопје минатата недела на 17.06 2019 г. учествуваа во Берлин на светски натпревар кој се вика GET IN THE RING GLOBAL MEETUP каде имаше 138 стартап компании од целиот свет и секој си ја претставуваше својата држава.

Тимот составен од Димитар Бежановски, Милан Петровски, Филип Голабоски и Маја Атанасоска пред инвеститори и пред другите стартап учесници ја презентираја нивната идеја од софтвер со виртуелна и
аугментативна реалност кој е направен за студенти на медицина кои ќе можат визуелно и интерактивно да учат анатомија.

На овај настан тие остварија многу позитивни контакти со познати и реномирани компании од светот и во најдобро светло ја преставија нашата земја Македонија.

Како изгледа апликацијата погледнете од видеото: