Тимот од Битола за Спасување на планини и високи објекти под раководство на Дирекцијата за спасување и заштита на Македонија и денес продолжија со нивните активности со цел пронаоѓање и помош на настраданите од силниот земјотрес во Драч, Албанија.
Тлото на Албанија не престанува да се тресе. И ноќеска и денес имаше 2-3 силни земјотреси над 4,5 степени според Рихтер, кој додатно ги оштетија градбите, вклучувајќи дел и од болницата.
Дел од градот комплетно се евакуира бидејќи истиот има значителни оштетувања кои се опасни по живот.
Кај голем дел од градбите е настанато големо оштетување кое е видливо е на самите фотографии од лице место како овај хотел кој е буквално прекршен за 65 степени наназад.
Тажна и болна е фотографијата од некролог на албанска фамилија кои починаа сите заедно во овој земјотрес.
Да се надеваме дека тлото ќе започне да мирува и ова ќе биде само еден повик за одговорност на надлежните и конечно запазување на светските стандарди за градба кои тука најверојатно и многу не се применувале.
Ризикот за нашиот тим сеуште постои, во тек е започнато расчистувањето и потрагата по лица продолжува во координација со тимот К9 од МВР кои истотака дадоја голем допринос во целокупната експедиција на македонската Дирекција за заштита и спасување во Драч, Албанија.