Благодарение на САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ (членка на Sava Insurance group) денес е донирана 1 (една) мерна станица за потребите на ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ со што е искажана нивната поддршка во инсталирањето на мрежата од сензори и ја потврдува нивната општествена одговорност кон заедницата.

Сензорот е поставен на фасадата од Општинската зграда Новаци со што мрежата се шири и надвор од Битола, а оваа локација ни е исклучително битна поради близината со термоелектраната РЕК Битола, иако овој сензор нема да интерполира со постоечките сензори.

Општина Новаци по примерот на многу европски општини го прифаќа овој систем за следење кој се надеваме дека ќе се прошири во иднина и треба да испрати позитивен сигнал до останатите, а особено до Општина Битола.

Ова е 9-та мерна станица во оваа мрежа од која ќе се прибираат податоци за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, а од сега и во соседните Општини.

Параметрите можете да ги следите на следниот линк:
https://airly.eu/map/en/

Апликацијата можете да ја симнете на следните линкови:
Android:

https://play.google.com/store/apps/details?id=eu.airly.android

iOS https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152