Во текот на денешниот ден 11-ти јуни 2021 г. во Белград се одржа третиот по ред кик бокс турнир „Arena Friday Night Fights“ каде во супертешка категорија (+94 кг. ) нашиот битолчанец Александар Димовски Димсата ги измери силите со актуелниот првак на Европа и светот, Никола Филиповиќ од Србија од кого беше поразен со нокаут . Но тоа тој не го доживеа толку страшно бидејќи досега и не се памети некој наш битолчанец да стигне толку високо во светските кик бокс дострели, а секоја борба дали победа или пораз е дел од животот на секој борец, за што тој е благодарен за поддршката од сите нас :

Дечки два, три збора да кажам после борбата, резултатот е таков како што е и нема каење, после две годишна пауза се осети многу отсуството од рингот. Бев подготвен колку што можев да се подготвам во услови на карантин.

Фала Ви за цела поддршка и позитивна енергија пред мечот, навистина премногу ми значи и ми даде екстра мотивација.

Фала до екипата што беше со мене на цело со Претседателот на КМФМ Дејан Митровски-Урко, Драган Атанасовски и борците Бобан Илиоски и Дарко Најдов.
Фала до КБК ЕНЕРЏИ и Фитнес Центарот Енерџим.
Поздрав до цела моја фамилија и Ве сакам сите (без секирации ќе Ве молам)… напиша Димсата на неговиот фејсбук профил.