Некоја тажна судбина, проклетство или чудни времиња. Во време кога помеѓу битолчани има најголема заинтересираност за зимските ски и сноуборд спортови единствено функционира само Хотелот Молика. Сите други објекти започнувајќи од Домот Копанки,
објектите под хотел Молика Горско Око, објектот на Телеком и некоја започната бетонска конструкција (од некој сигурно политичар на кого лесно му издадоа дозвола, но ја нема повеќе функцијата, моќта и парите да го догради) се заградени и не се во функција.
Објектите покрај патот кои се сопственост на битолски јавни претпријатија сеуште се само нем приказ за тоа колку тие функционираат, а можеби и самите не знаат дека се во нивна сопственост.
Објектите во близина на Домот Копанки истотака стојат напуштени и затворени, додека битолчани низ лав муабет на клупите разговараат и фантазираат како модернистички би можеле да изгледаат и што најдобро да бидат.
И оваа година некогашното Детско Одморалиште остана празно без џагорот на илјадниците деца од Битола Македонија кои тука го поминуваа зимскиот одмор и ги добиваа првите ски часови од надалеку познатите битолски ски инструктори.
Единствено малото лакирано HOT BOX куќарче од 2 м2 на Копанки зрачи со позитивна енергија и ги исполнува битолчани кои решија денот да го поминат на чист воздух и 1500_метри надморска височина…
Реалноста е таа, трае повеќе од дваесет години и нема љутење. Да се надеваме дека ќе биди подобро. И сето ова ни е за ум, колку да си знаете…