Почитувани,

Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме на исклучителниот настан на свечено доделување на првите награди, на битолскиот тим хакери кои како дел од Music Tech Fest Bitola, минатиот месец беа дел од победничкиот тим на Хакeтонот кој се одржа во рамките на Music Tech Fest, Stockholm-Sweden.

Наградите за овој исклучителен подвиг за нас ги доделува Music Tech Fest, Stockholm , и се големо признание за нашите млади , градот и Р.Македонија.

Music Tech Fest-Bitola е единствениот пандан настан на светскиот фестивал на музика , иновација и технологија која оваа година се одржа во Стокхолм, Шведска, соработка која донесе успех уште првата година.

Настанот ќе се одржи утре, петок 19.10.2018 во комплексот на Кромберг и Шуберт или препознатливи како KroSchu Factory со почеток во 12.00 ч.

Локацијата на настанот воопшто не е случајна и ја одразува тесната соработка помеѓу Music Tech Fest Bitola и поддржувачите KroSchu Factory, кои покажаа исклучителен сенс за поддршка на ваквите настани.

Покрај претставниците на KroSchu , присутни ќе бидат претставници на Фондот за иновации и технолошки развој од каде дојде главната поддршка на настанот,како и претставници на Стопанската комора од Битола, Општина Битола, организаторите и секако добитниците на наградите младите Андреј Антуновиќ и Андреј Мицков.