Нашиот битолчанец Сунај Мифтар на 9-ти Април во Фраунфелд, Швајцарија учествуваше на меѓународниот кикбокс турнир каде противник му беше шампионот на Швајцарија Јеси Шитсенснг, но за жал ја изгуби борбата после судска одлука.
Толку блиску, но сепак далеку.
За жал после 5 рунди ја изгубив борбата за европска титула по судиска одлука, честитки за противникот.
Огромно благодарам на сите вас кои го следевте мечот и ми пруживте огромна поддршка, безброј коментари и пораки.
Благодарност до моите тренери и мојот тим Работнички Адора кои ми помагаа во текот на припремите и секако Садин Зенку кој ми го организира овој меч, ме зеде да бидам негов гостин овие два дена и беше цело време со мене во рингот и надвор од него. Во спортот има победи и порази, а јас нема да застанам тука ме чека долг и трнлив пат… напиша Мифтар.