Александар Волкановски од Австралија, кој е со потекло од битолскиот крај , славеше уште еднаш во УФЦ, и тоа против „корејското зомби“, односно Кореецот Чан Сунг Јунг.

Волкановски уште еднаш покажа зошто е најдобар во неговата категорија, па порача по мечот дека е на друго ниво во моментов и никој не може да го запре.

„Ви кажав и претходно пред борбата дека сум на друго ниво и не може никој да ме запре, а тоа и ви го покажав. Барате само начин да се подобрите и тоа е тајната на успехот, иако не е лесно. Напорната работа ме донесе тука и погледнете што успеав да направам. Би се борел со било кој“, вели Волкановски.