Битолската железничка станица на разгледница од Анастас Г. Зали издадена во февруари 1904 година и истата 110 години покасно , фотографии од големиот љубител и колекционер на стари разгледници фотографии Димче Најдов.
Зачудува фактот кој е во позадина на старата фотографија и за нас беше непознат до ден денес . На неа јасно се гледа како во тој период беше утврдено Тумбе Кафе , најверојатно заедно со резиденција на некој големец како Абдул Керим Паша .
Тумбе Кафе сеуште е симболот на Битола кој мака мачи да воскресне и да ја врати старата слава .