СЕПАК КЕ НЀ БИДЕ…
Битола била и ќе биде, сѐ додека има вакви совесни и пред сѐ хумани сограѓани. Ги познавам и двајцата. Најмногу како вљубеници во планината и природата. Тој ден (за мене незаборавен), научив уште нешто баш од нив…
Се среќаваме на Градското шеталиште или парк, со кеса или торбичка во раце а во ним “храна” за бездомните или напуштени миленичиња .
Познато е дека на оваа локација има многу верверици, кои честопати сум ги “ловел” со фото-апарат. Но, не сум знаел (се досега), дека некој и нив ги прихранува (?) 🤔 – особено во зимскиот период…
Респект големи луѓе !
Фото и текст Димитрије Гиновски