Уште еднаш јавно се извинуваме на сите искрени и чесни љубители на ракометот кои купија билет, а не беа во можност да влезат и присуствуваат на натпреварот Македонија – Турција, затоа што некои други несовесни гледачи го зедоа нивното место. За сите нив кои имаат уредно купен билет ги покануваме од утре 27.10.2018 од 09:00 часот на истото место каде сте ги купиле билетите да ги вратат и парите ќе бидат рефундирани.
Ве известуваме дека како организатори дел од средствата ќе ги донираме за Сара Настевска.
Спортски поздрав“.
РК Пелистер