Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со битолски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела.
Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста.
“Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа ФБ, за нивното ангажирање веста да допре преку оваа платформа до многу луѓе. Голема благодарност до македонските медиуми, кои кај Вас ја раширија веста за акцијата.
И благодарност до сите добри луѓе кои ги отворија и срцата и џебовите за да успееме” – истакна Ристевски.
Џим Ристевски е татко на три деца и по трет пат со своја иницијатива ја вклучува заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.
Тој е веќе познат бизнисмен и филантроп во Австралија, а на македонската јавност ѝ е познат по два претходни хумани гестови.
Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница и минатата година тој повторно се јави како организатор на фандрејзинг иницијатива наменети за реконструкција на Медицинското училиште Др Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.