Вчера утро vo 08.45ч. по локално време два членови на ПСК Пелистер Никола Талевски – Јапан и Александар Петровски- Шпере, заедно со Ана Котевска (ПД Копанки), Драги Павловски (П.Д. “Д.И.Мурат) сите од Битола како и Даниел Јанков член на ( I love hiking). го освоија највисокиот врв на Европа, Елбрус 5642мнв.
Елбрус е највисокиот и најистакнат врв во Русија и Европа. Сместен е во западниот дел на Кавказ, највисокиот стратовулкан во Евроазија и десетти најистакнат врв во светот.
Честитки за сите учесници и нови успеси им посакуваме во наредните години.
ПСК ПЕЛИСТЕР