Со Влатко Стефановски, нашиот најголем виртуоз на гитара, човекот кој традиционалниот македонски звук го претвори
во рок и е лектира за многу генерации, синоќа со голем концерт е отворено 15-то издание на Локум Фест во Античкиот театар кај Хераклеја во Битола.

Публиката околу три часа буквално на нозе уживаше со него и неговите познати хитови, а крајот го одбележа со „Учи ме мајко, карај ме“.

Со овој вчерашен концерт Локум Фест ја заокружува листата на македонски изведувачи кои настапиле од цела Македонија во овие 15 години.
За идната година најавуваат големо светско име и регионални звезди.