Јосип Божиќ Павлетиќ е новото засилување во играта на нашиот најтрофеен битолски клуб РК Пелистер:

Повикот на Бабиќ дојде случајно. Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона.

Кратка беше моја пауза. Бундеслигата траеше скоро до први август. Но, не се жалам. Професионалец сум и одиме понатаму. Ни следат многу натпревари, ќе има минутажа за секого. Мораме да размислуваме натпревар по натпревар, против секого да играме на победа, па ќе видиме каде ќе дојдеме…изјави тој.