Прелистувајќи го минатото на Битола и нејзината околина од разни пишани материјали и документи, потоа од искажувањата на многу хроничари и луѓе што се сеќавале на тоа минато, а сега веќе се починати, осознавме низа интересни моменти од животот и работата на луѓето од овие краишта. Често се интересиравме и за развојот и функционирањето на занаетчиството и активностите во Чаршијата. Се информиравме дека уште пред Првата светска војна во Подпелистерието постоеле таканаречени фабрики (претпријатија) кои набавувале материјали за работа од повеќе европски земји, а потоа изработените производи ги пласирале, не само меѓу овдешното население туку во соседните земји, па и ПОдалеку. Така дознавме дека во с.Магарево извесен период работела фабрика за текстил, односно за производство на текстилни материјали на Стерјо Пикуле. Денес во ова село не само што нема никакви материјални докази за тоа, туку веќе не се ни живи постарите жители од селото кои од своите блиски имале прилика да дознаат дека некогаш во селото постоела фабриката на Пикуле.
Петар Ставрев и Предраг Васич
Се интересиравме да дознаеме дали тој познат „фабрикант” има свои потомци, каде тие се наоѓаат и по можност да разбереме нешто поконкретно за тоа во овој крај. Сето она што го „откривме” се состоеше само од неколку податоци дека најблиските потомци на Стерјо Пикуле некогаш се преселиле во Белград, повеќе не се живи и дека и тие не располагале со некои пишани материјали за својот познат роднина Пикуле. Сепак идејата да дознаеме нешто за текстилната фабрика на Пикуле и неговите потомци, никогаш не ја напуштивме. Во еден развговор со внукот на адвокатот Сотир Главинче од синот,
Стерјо Пикуле
исто така адвокат Емил- Никола актуелен претседател на Огранокот на адвокатската комора од Битола дознавме дека во Белград живее негов колега судија во Апелационен суд Предраг Васич кој бил потомок од фамилијата на Пикуле. Никола за кус временски период ни овозможи средба со Васич со цел да дознаеме нешто повеќе за Стерјо Пикуле и неговата фабрика за текстил. Имено мајка му на Предраг Васиќ Роксани беше ќерка на Стерјо Пикуле, односно внука на Никола таткото на Стерјо Пикуле. Уште на почетокот од разговорот што го водевме, Предраг ми кажа дека по завршување на Втората светска војна, кога му била конфискувана текстилната фабрика на Стерјо Пикуле и кога му ги одзеле машините ги однесле во Тетово и со нив започна со работа „Тетекс” кој подоцна со новоформираната
Стерјо Пикуле десно
Роксани
Специјално за www.babambitola.mk, Петар Ставрев од весникот Занаетчија