Родена во Битола, има само 18 години, а моментално гради светска кариера со цел да стане еден од најпознатите модели во светот. Станува збор за младата Ана Марија Јанковиќ која дефинитивно е една од најубавите македонски девојки.
Мора да признаеме дека да се биде модел во Македонија е навистина тешко и ние како земја многу ретко може да се пофалиме со модели со светска слава, како од типот на Катерина Ивановска, Надица Георгиева и уште неколку што можеме да ги изброиме на прсти.
Следна на нашиот радар која веруваме дека ќе успее во овој бизнис е Ана Марија. На само 18 години, таа стана заштитно лице на светки познатиот бренд GUESS и беше дел од приватната ревија на брендот наменета само за своите најголеми клиенти.
Таа е дел од модната агенција од Белград Real Woman Agency, па токму затоа е повеќе присутна на тој пазар.
Извор Friday.mk